ПОВЕЌЕ

    ТТК банка со зголемени приливи од каматите

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК банка продолжува да бележи позитивни резултати. По одработените први три месеци од годинава, забележан е нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 35 милиони денари. Се заснова на оперативните приходи од 134 милиони денари и на трошоците од 99 милиони денари.

    Од Банката наведуваат дека кај остварената добивка пред исправка на вредноста на финансиски и нефинансиски средства, односно оперативната способност за покривање на расходите, има раст од 6,9 проценти. Во тие рамки оперативните приходи се зголемиле за 6,3 насто, паралелно со контролираниот раст на оперативните трошоци од 6,1 процент.

    Во ова тримесечје издвоена е исправка на вредноста на финансиските и нефинансиски средства во износ од 30,7 милиони денари, која е за 14,3 милиони денари или 87,3 насто повисока во однос на споредбениот лански период. Сето тоа влијае , велат од ТТК банка, врз реализацијата на позитивен финансиски резултат од 4,2 милиони денари.

    Што се однесува до основата на приливите, каматите и приходите што ги носат, кај ТТК банка имаат раст од 15,4 проценти, односно изнесуваат 84,3 милиони денари. Нето-приходите, пак, од провизии и надоместоци за услуги изнесуваат 40,1 милион денари, кои во најголем дел произлегуваат од домашниот платен промет и од работењето со картички. Од курсни разлики се остварени нето-приходите од 3,9 милиони денари

    Од друга страна, оперативните трошоци бележат раст од 6,1 насто и изнесуваат 99,3 милиони денари.

    Оваа банка располага со вкупни депозити од 8,2 милијарди денари. Парите доверени од граѓаните имаат доминантно учество во вкупните извори на средства.

    „Исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 30,7 милиони денари и соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката“, посочуваат од ТТК.

    Воедно, наведуваат дека фокусот и натаму ќе биде на стабилното и профитабилно оперативно работење.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично