Септември е најубавиот месец за првачињата, но и за родителите. Почетокот на новата учебна година и првиот училишен ден за првачињата на вработените во ТТК Банка се уште повозбудливи!
Во рамки на програмата за бенефиции за вработените и како дел од Политиката за одржливост и ЕСГ активностите на ТТК Банка АД Скопје, од оваа година, ТТК Банка воведува нова бенефиција – финансиска поддршка за секое прваче- дете на вработен.
Истовремено, банката овозможува слободен ден за секој вработен кој има дете прваче – а, тоа е платено отсуство со цел родителите да имаат можност да присуствуваат на посебниот момент кога децата – првачиња за првпат ќе седнат во училишните клупи и да се прилагодат на новото поглавје од животот.
Од ТТК Банка истакнуваат дека на овој начин сакаат да учествуваат во создавање спомени кои ќе ги паметат и децата и родителите, додавајќи дека почетокот на училишниот период треба да биде незаборавен.
TTK Банка континуирано презема иницијативи насочени кон постигнување рамнотежа помеѓу приватниот и деловниот живот. Слободниот ден за секој вработен кој има дете прваче и финансиската поддршка за секое прваче се само дел од активностите кои Банката ги спроведува за да се погрижи вработените покрај успешното извршување на работата, да уживаат и во важните моменти со семејството.
-Им посакуваме среќен почеток на новата учебна година, многу стекнати знаења и нови вештини на сите ученици – посакуваат од ТТК Банка.