ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка известува за предвремена исплата на февруарските пензиите

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка ги известува своите ценети клиенти пензионери дека, почнувајќи од 25-ти февруари 2021 година ТТК Банка АД Скопје ќе врши исплата на пензијата за месец февруари на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.

    Oд 25.2.2021 г. (четврток) корисниците на Visa дебитните картички ќе можат да располагаат со средствата, безготовински – преку мрежата на банкомати или за плаќања во трговската мрежа.

    За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури во четири групи според висината на пензијата и тоа:

    • до 11.000 денари на 25.2.2021 г. (четврток)
    • од 11.001 до 14.000 денари на 26.2.2021 г. (петок)
    • од 14.001 до 18.000 денари на 1.3.2021 г. (понеделник)
    • над 18.000 денари на 2.3.2021 г.  (вторник)

    Со цел заштита на здравјето, од ТТК Банка апелираат средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа, преку електронско банкарство TTK E-bank или мобилно банкарство TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.

    Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, потсетуваат дека задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично