ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка постави нов банкомат во Трговски центар „Палма мол“ во Тетово

    Време зa читање: < 1 минутa

    ТТК Банка АД Скопје постави нов банкомат во Тетово.

    Отсега клиентите ќе имаат на располагање банкомат поставен во рамките на трговскиот центар „Палма мол“ на влезот во Тетово.

    На новиот банкомат, ќе можете да ги извршувате стандардните услуги (подигнување готовина без провизија, проверка на состојбата на сметка, промена на ПИН-кодот на VISA платежните картички и сл.). Користењето на услугите е овозможено преку идентификација со VISA платежна картичка.

    Со поставувањето на новиот банкомат, ТТК Банка АД Скопје ја прошири својата мрежа на банкомати на вкупно 41 локација ширум земјата, од кои 6 (шест) банкомати се во Тетово.

    Услугите преку мрежата на банкомати се достапни 24/7. Во секое време на Ваше располагање се и услугите преку апликацијата за мобилно банкарство TTK M-bank и електронското банкарство TTK E-bank.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично