ТТК Банка АД Скопје известува дека ќе изврши исплата на годишната камата, по каматна стапка од 3,5% на годишно ниво, на имателите на корпоративната обврзница – прва емисија на обврзници со ИСИН MKTTKS200012 и шифра ТТКО.
Исплатата на камата ќе се изврши на 18.9.2020 година.
Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – прва емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17.9.2020 година.
Тргувањето со обврзниците на ден 16 и 17 септември 2020 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 365 и 366 денови соодветно, при што Купувачот, при порамнувањето на 18 и 21 септември 2020 година, ќе треба да го уплати износот на чистата цена + акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на корпоративната обврзница – прва емисија на обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 18 и 21 септември 2020 година, соодветно, и нема да остварат право на исплата на годишната камата.