ТТК Банка АД Скопје ќе исплати дивиденда за 2025 година во вкупен бруто-износ од 89,9 милиони денари или над 1,4 милиони евра. Исплатата ќе се реализира комбинирано. Наградата за успешната деловна година акционерите ќе ја добијат дел во акции, дел во готовина.
Според одлуката донесена на акционерското Собрание, бруто-дивидендата по акција изнесува 87 денари, односно 8,7 проценти од номиналната вредност (илјада денари). Од овој износ, 43 денари ќе се исплатат преку новата емисија акции (приватна понуда наменета за постојните акционери), а 44 денари ќе се исплатат во пари на платежните сметки на акционерите.
Исплатата на паричниот дел од дивидендата ќе се заокружи најдоцна до 30 септември, по завршување на постапката за зголемување на основната главнина и регистрација на новата емисија акции.
Од вкупната нераспределена добивка од 90 милиони денари (1,46 милиони евра), најголемиот дел е наменет за дивиденда, додека помал износ е издвоен за резерви. Истовремено, банката предвидува и средства за награди за менаџментот врз основа на деловна успешност од 4,3 милиони денари (70,7 илјади евра).
Аналитика








