ТТК Банка донесе одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2021 година (дивиденден календар). Банката ќе исплати дивиденда во бруто-износ од 41.762.848 денари.
Банката, во согласност со важечката регулатива, од бруто-износот на дивидендата:
а) при исплата на физичките лица ќе задржи и уплати персонален данок на доход,
б) при исплата на правните лица ќе задржи и уплати данок по задршка, каде што е применливо.
За предложениот износ на дивидендата за 2021 година, акционерите ќе бидат известени преку Повикот за учество на Годишното собрание на акционери на Банката.
Висината на бруто-дивидендата по акција ќе изнесува 46,00 денари, односно 4,6 % од номиналната вредност на акциите којашто изнесува 1.000 денари.
Се предлага дивидендата за 2021 година да биде исплатена на акционерите на Банката кои се регистрирани во акционерската книга на Банката на 19.4.2022 година. Последен ден на тргување со акциите со право на дивиденда за 2021 година, во согласност со предложената одлука, е 15.4.2022 година, чиешто порамнување и регистрирање во акционерската книга според Правилата за тргување на Македонската берза ќе се случи два работни дена од денот на извршеното тргување, односно на датумот на стекнување право на дивиденда за 2021 година, 19.4.2022 година. Тоа значи дека прв ден на тргување со акциите без право на дивиденда за 2021 година ќе биде 18.4.2022 година.
Исплатата на дивидендата за 2021 година се предлага да започне од 3.5.2022 година.
За утврдениот дивиденден календар при исплата на дивиденда за 2021 година, акционерите ќе бидат информирани преку известување во дневниот печат и на веб-страницата на Македонската берза за хартии од вредност и на веб-страницата на Банката.