ТТК Банка АД Скопје ќе врши исплата на пензијата за месец јули на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје и тоа на следниот начин:
-
од 28.7.2020 г. (вторник) на корисниците на Visa дебитните картички кои ќе можат да располагаат со средствата, безготовински – преку мрежата на банкомати или за плаќања во трговската мрежа.
За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, заради заштита на нивното здравје и превенција, исплатата ќе се реализира во сите отворени филијали и експозитури во 4 групи според висината на пензијата и тоа:
-
до 11.000 денари на 28.7.2020 г. (вторник)
-
од 11.001 до 14.000 денари на 29.7.2020 г. (среда)
-
од 14.001 до 18.000 денари на 30.7.2020 г. (четврток)
-
над 18.000 денари на 31.7.2020 г. (петок)
Апелираме средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа преку електронското или мобилното банкарство, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.
Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, потсетуваме дека задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете. Пензионерите коишто не поседуваат дебитна картичка можат да ја искористат посетата за да поднесат барање за изработка на дебитна картичка поврзана со нивната сметка. На тој начин, нивните средства ќе им бидат достапни во секое време за плаќање во трговската мрежа, како и можноста за подигнување на средствата од банкомат.