Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје бр. 02-6390/2 од 30.9.2020 година, XXXV-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје ќе се одржи на 3.11.2020 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“, на ул. „Народен фронт“ бр.19 А во Скопје, со следниот предлог
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ
- Отворање на Собранието;
- Избор на претседавач на Собранието.
- РАБОТЕН ДЕЛ
- Разгледување Предлог – одлука за именување членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје;
- Информација за резултатите од извршената оцена на соодветноста на кандидатите за членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје
Се повикуваат акционерите на ТТК Банка АД Скопје да учествуваат во работата на Собранието.
Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието, со доставување пријава за учество до Секретаријатот на Банката (или на телефакс: 02/3131-387; е-пошта: [email protected]).
Собранието ќе одлучува само за прашања коишто се уредно ставени на Дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.
Гласањето по точките од Дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.
Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со писмено полномошно, за што е должен веднаш да ја извести Банката по писмен пат или електронски.
Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.
Акционерите можат да гласаат со кореспонденција, со испраќање пополнет образец кој во оригинал мора да биде примен во Банката најдоцна на 2.11.2020 година, до 15:00 часот. Заедно со образецот за гласање акционерот е должен да достави и документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет-страницата на Банката www.ttk.com.mk.
Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точките од Дневниот ред.
Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 8.10.2020 година до 15:00, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.
Материјалите за Собранието и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“, на ул.„Народен фронт“ бр.19 А во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.
Информации за гласање преку коресподенција
- Вкупен број на акции и вкупен број на гласачки права
- Пријава за учество
- Прашања од акционери во врска со точките од Дневниот ред
- Вклучување на нови точки и одлуки од Дневниот ред и предлагање на нови одлуки
- Полномошно за физички и правни лица