ПОВЕЌЕ

    Голем интерес за првата корпоративна обврзница со гарантиран принос на ТТК Банка АД Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    Голем е интересот на инвеститорите кои избираат да ги вложат своите средства во атрактивната обврзница од првата емисија на ТТК Банка АД Скопје на секундарниот пазар на Македонската берза.

    На 18.8.2020 година истргувани се 100 обврзници од првата емисија корпоративни обврзници.

    Обврзниците од првата емисија се со номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од пет години и три месеци, а каматната стапка е фиксна и изнесува 3,5 % годишно. Приходите од вложувањето во обврзница се стабилни и предвидливи, што ги прави популарни за инвеститорите кои сакаат да остварат сигурни приходи.

    Во изминатиот период ТТК Банка АД Скопје реализираше две успешни емисии на долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративни обврзници. Во овој момент тие се единствените финансиски инструменти со гарантиран принос со коишто се тргува на секундарниот пазар.

    Во првите шест месеци од 2020 година, во услови на вонредна состојба во државата поради коронавирусот, ТТК Банка АД Скопје оствари значајни финансиски резултати, а и понатаму продолжува со активна поддршка на физичките и правни лица при остварување на нивните финансиски цели и потреби.

    Потврда за успехот и резултатите на ТТК Банка АД Скопје е и континуираниот интерес за тргувањето со обичните акции на Македонската берза.

    Фокусот кон иновирање на понудата на производи и услуги во пресрет на потребите на клиентите, унапредување на внатрешната организација и ефикасноста како и развивање на политиките за управување со ризиците и понатаму е основа за успешното работење на ТТК Банка АД Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично