ПОВЕЌЕ
    ПОВЕЌЕ

      „Триглав пензиско“ го зголемува почетниот капитал со нова емисија акции

      Време зa читање: < 1 минутa

      Нова четврта емисија ќе издаде „Триглав пензиско друштво” – 20.000 обични акции со вредност од еден милион евра. Оваа емисија е наменета за институционалниот инвеститор „Заваровалница Триглав“ д.д Љубљана. Целта е да се зајакне почетниот капитал.

      Дозвола е добиена од Комисијата за хартии од вредност.

      „Комисијата за хартии од вредност на Република Северна на Друштвото за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови Триглав Пензиско Друштво АД Скопје му даде одобрение да издаде четврта емисија од 20.000 обични акции со вкупен износ од 1.000.000 евра во денарска противвредност. Емисијата е наменета за Заваровалница Триглав д.д Љубљана како  институционален инвеститор“, пишува во известувањето од КХВ.

      Исто така, се посочува дека „Триглав пензиско друштво“ издава нови обични акции „заради зголемување на основната главнина, со цел одржување на потребниот износ на главнина пропишан со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување“.

      14,794Следи нè на facebookЛајк

      слично