ПОВЕЌЕ

    Триглав пензиско друштво емитува трета емисија акции од еден милион евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Триглав пензиско друштво АД Скопје ќе емитува трета емисија акции по пат на приватна понуда. Издавањето хартии од вредност е одобрено од Комисијата за хартии од вредност.

    Со третата емисија Друштвото ќе издаде 20.000 обични акции со продажна вредност од 50 евра по акција. Се работи за вкупен износ на емисијата од еден милион евра во денарска противвредност. Зголемувањето на основната главнина со нови парични влогови се врши за познат купувач – институционалниот инвеститор Заваровалница Триглав д.д Љубљана, од Република Словенија, кој е единствен акционер со стопроцентно учество на акционерскиот капитал на друштвото.

    Триглав пензиско друштво АД Скопје издава хартии од вредност со цел одржување на потребниот износ на главнина пропишан со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично