Триглав Осигурување го воведува Мој дом – нов производ за осигурување на домот. Мој дом нуди избор на повеќе пакети на покритија. Клиентите имаат можност да изберат пакет во согласност со нивните потреби и можности, како и да додадат во својот пакет одредени дополнителни покритија и предмети на осигурување и на тој начин самите да го креираат осигурувањето за својот дом.
Пакети во Мој дом
SAFE, SMART, RELAX и COMFORT се четири пакети, кои што вклучуваат различен сет на покритија, кои што го штитат домот од различни ризици. SAFE пакетот вклучува основна заштита, со пристапна премија, SMART пакетот вклучува балансиран сет на покритија, што го штитат домот од најчестите ризици, а RELAX пакетот пак, вклучува основен сет на покритија, наменет е за викенд куќи и нуди сигурност од пожар и кражба преку целата година. COMFORT пакетот овозможува комплетна заштита и висока стапка на покриеност од опасности, што можат да се случат во домот, на семејството и на домашните миленици. Пакетите можaт да се надградат со дополнителни покритија и предмети на осигурување.
„Мој дом е производ, во кој што се вградени принципите на работа, што ги применуваме во Триглав. Нуди флексибилност преку избор на пакети, со различни покритија, како и можност за нивно прилагодување во решенија, што во потполност одговараат на потребите и можностите на нашите клиенти. Во Триглав постојано работиме на градењето на однос на доверба и партнерство, затоа, на клиентите, кои ќе склучат пет-годишен договор за осигурување на домот, им обезбедуваме попуст на лојалност во износ од 25%. Нашите заложби за одржлив развој ги вградивме и во овој производ, со тоа што вклучивме поволности, кои што ја поттикнуваат и поддржуваат заштитата на животната средина. Клиентите кои користат енергетски ефикасни апарати, како и апарати кои го намалуваат загадувањето на животната средина добиваат 10% попуст на осигурителната полиса. Клиентите, кои ја поддржуваат енергетската ефикасност во домот, односно користат уреди, кои што придонесуваат кон заштеда и намалување на потрошената електричната енергија, имаат можност да ги осигурат овие уреди со попуст до 50%. Мој дом на клиентите им нуди на едноставен начин да го креираат своето осигурително решение и да го дефинираат сопственото ниво на безбедност на нивниот дом”, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г.Ѓорѓе Војновиќ.
Повеќе информации за новиот производ Мој дом на Триглав можат да се добијат на triglav.mk.