Понудата на иновативни решенија и плус погодности за осигурениците, Триглав Осигурување Живот АД Скопје ја проширува со нов вид животно осигурување, со кое потрошувачките кредити на Комерцијална банка стануваат уште поатрактивни за корисниците.
Осигурувањето на живот со новиот вид полиса за кредитокорисниците значи финансиска сигурност и дополнителен спокој обезбедени со фиксна осигурена сума и со поедноставена процедура.
Овој производ е дизајниран да понуди уште поголема вредност при користењето кредитни производи обезбедени со полиса за осигурување на живот, која значи заштита и сигурност за корисникот и неговите најблиски.
Кредит обезбеден со новиот вид осигурување на живот за корисникот значи:
◦ Фиксна осигурена сума за целиот период на отплата на кредитот, со однапред дефинирани услови
◦ Премијата се пресметува според висината на осигурената сума, без оглед на возраста или здравствената состојба на осигуреникот
◦ Месечно плаќање на премијата, кое може да се врши и преку траен налог
◦ Пониски каматни стапки во споредба со стандардните кредити.
Ова е совршен избор за секој што сака да земе кредит и да добие поддршка што не завршува на денот на исплатата на кредитот туку трае низ целиот период на отплата на кредитот.
Со оваа соработка Триглав Осигурување Живот АД Скопје и Комерцијална банка создадоа уште едно вредно решение, кое на кредитокорисниците им обезбедува остварување на нивните желби со чувство на безгрижност.
Повеќе информации за карактеристиките и придобивките од овој производ може да се најдат на следниот линк https://bit.ly/4oCb5XJ
ДВЕ ТРЕТИНИ ОД КОМПАНИИТЕ ШТО КОТИРААТ НА БЕРЗА СЕ СО ПОМАЛА ДОБИВКА ОД ЛАНИ или се во загуба!?