Тимот на Триглав осигурување Живот АД Скопје имаше значаен удел во еко-акцијата во Скопје. Помогна во расчистување на отпадот во околината на селото Љубанци, во близина на манастирот „Св. Никола“.
Еколошката акција за расчистување на локални депонии во околината на Скопје, Охрид и Пробиштип е иницирана по повод одбележувањето на 20-годишнината од членството на Република Словенија во Европската унија. Организирана е во духот на „Зелена Словенија“ – Slovenia Green од страна на Друштвото на словенечки и македонски стопанственици, СИЗ Скопје, а во соработка со словенечката Амбасада. Кон акцијата се приклучија неколку словенечки компании.
Од Триглав осигурување Живот порачуваат:
„Оваа иницијатива е од особена важност за нашиот регион и преку оваа еко-акција сакаме да ја подигнеме свеста за важноста на зачувување на природата и заедничката грижа за почиста животна средина, следејќи го примерот на Република Словенија“.