ПОВЕЌЕ

    „Tриглав Осигурување“ профитабилен во 2023 – зголемени и приходите и добивката

    Време зa читање: 2 минути

    „Tриглав Осигурување“ АД Скопје ја заокружи минатата година со нето-добивка од 47,3 милиони денари или близу 768 илјади евра. Ефектите од работењето се повисоки за 6,8 милиони денари во однос на претходната 2022 година.

    Дел од позитивните резултати се нето-приходите од премија, кои за 2023 се во износ од 1.067 милиони денари (17,3 милиони евра), што на годишно ниво претставува зголемување за 4,2 проценти.

    Од компанијата, како причини за растот се наведуваат намалувањата забележани кај бруто-премијата за 733,6 илјади евра, кај премијата предадена во реосигурување и соосигурување за речиси 320 илјади евра и кај промената во нето-резервите за преносна премија, која имала позитивно влијание со износ од над еден милион евра.

    Приходите од финансиските вложувања се 935 илјади евра, а повисоки се за 0,9 насто од оние во 2022 година. Приливите, пак, регистрирани од провизии од реосигурување изнесуваат близу 1,5 милиони евра и се пониски за 1,7 отсто.

    Кај одливите на средства, нето-расходите за штети изнесуваат 9,3 милиони евра и се за еден насто повисоки од 2022 година. Трошоците за бонуси и попусти се речиси 552 илјади евра и бележат зголемување на годишно  ниво.

    Нето-трошоците за спроведување на осигурувањето во деловната 2023 година изнесуваат 8,3 милиони евра. Тоа претставува раст од 9,7 проценти.

    Билансната сума на „Триглав Осигурување“, со состојба од 31 декември 2023 е 3.049 милиони денари (49,5 милиони евра) и е за една година се зголемила за 26 насто.

    Очекувањата за годинава, и покрај се уште присутната неизвесност, се оптимистички. Од компанијата сметаат дека ќе ја задржат профитабилноста и сигурноста во работењето. Оттаму и плановите – премијата да постигне раст од четири проценти и да достигне 1.611 милиони денари, односно 26,1 милион евра. А, добивката да дојде до нивото од 51 милион денари или околу 828 илјади евра. Притоа, фокусот се става на дополнителниот развој на стратешките осигурителни производи, кои на клиентите ќе им обезбедат врвна, навремена и доверлива услуга.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично