Анализите и бројките говорат дека трговските центри повеќе од 50 проценти од нивниот седмичен промет го прават точно во недела.
“Доколку во конечното решение се одлучиме трговските центри да работат во недела, тоа ќе биде под строго дефинирани критериуми, строго определено работно време, но и обврски на сопствениците на продавниците за одреден процент од средствата да се слеваат во државната каса и дополнителен надомест за работниците кои ќе работат во недела”, порача денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Министерката посочи дека 50% промет само во недела заедно со аргументите за шопинг туризмот на граѓани од нашите соседни држави се сериозни бројки кои се придонес на целокупната економија во државата.