Германскиот трговски суфицит нагло падна на 1,3 милијарди евра во април, што е најниско ниво од 1992 година.
Во извештајот на Дестатис се наведува дека увозот на Германија е зголемен за 25,2 отсто во однос на претходната година и достигнал 120,9 милијарди евра, пренесува Мина.
Германскиот извоз се зголеми за 9,2 отсто во април во однос на истиот месец лани на 122,2 милијарди евра. Во април минатата година германскиот трговски суфицит изнесуваше 15,3 милијарди евра.
Германската влада најави зголемување на минималната плата од 1 октомври годинава, со што на вработените ќе им се плаќа по 12 евра на час.
Во моментов минимумот во Германија е 9,82 евра бруто на час. Таа сума на 1 јули треба да се зголеми на 10,45 евра. Во исто време, минималната плата за кратки, таканаречени мини работни места расте од 450 на 520 евра, пишува SEEbiz.