Пред локалните избори, професорот Борче Треновски во „Каде се парите?“, со Горан Теменугов, ги става под лупа општинските финансии.
Долгови, дотации и над стотина милиони евра, дали реално стигнуваат до услуги?
Дали 20 години децентрализација овозможија независни општини или создадоа услови за нивно блокирање?
Во поткастот, конкретни препораки, што мора да се преземе за да бидат општините пофункционални, но и кои прашања треба да се постават на идните градоначалници.
Гледајте не, а за да не најдете, отидете на Јутјуб, во пребарување на кирилица напишете Пари и ние ќе ви се појавиме.
За да можеме да создаваме за вас бесплатни содржини, многу ќе ни значи ако кликнете „subscribe“.
Гледајте не премиерно секој четврток во 12 часот, а потоа кога и да сакате.