ПОВЕЌЕ

    Тренчевска: Неделава извештај од работната група – линеарно зголемување на пензиите нема

    Време зa читање: 2 минути

    Линеарно зголемување на пензиите не се предвидува, бидејќи мора да се води сметка за стабилноста на пензискиот систем, а Владата останува отворена за разговор со пензионерите. Ставот уште еднаш го пренесе и повтори министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, најавувајќи дека во текот на неделава се очекува да биде готов извештајот на работната група, која треба да ги реши проблемите поврзани со пензионерскиот стандард.

    Понатаму, извештајот ќе биде доставен до Владата, како што посочи, „за сите заедно да одлучиме кои мерки дополнително ќе бидат донесени во новиот пакет на антикризни мерки“. Но, меѓу тие мерки нема линеарно зголемување, затоа што тоа „не им оди во прилог на сите пензионери“.

    Освен тоа, може да биде загрозена исплатата на пензионерските примања.

    „Секое нереално зголемување на пензиите и секое нереално трошење на средствата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување значи дека ќе ги доведеме во несигурност исплатата на пензиите на сите 336.000 пензионери. Ниту како Влада, ниту како министерка за труд и социјална политика нема да дозволам да се наруши стабилноста на Пензискиот фонд“, децидна е Тренчевска.

    Владата опстојува на новата методологија, со која, според министерката, „само за година и пол најниската пензија е зголемена за речиси 2.200 денари“.

    „Ќе имаме мерки што ќе значат дополнителен приход, финансиска поддршка на пензионерите, меѓутоа ќе бидат опфатени оние пензионери кои се со ниски пензии и кои се во најранливата категорија“, изјави Тренчевска, додавајќи дека од 2017 година се работи на зголемување на приходите во ПИОМ, со што се намалил дефицитот  од околу 47 на 33 проценти.

    Воедно, нагласи декаод ланскиот јануари, за година и полoвина пензиите се зголемени за 24 насто преку усогласувањето со животните трошоци.

    „Не велам дека ниските пензии се доволни. Меѓутоа, со финансиска поддршка без да се доведе во прашање стабилноста на пензискиот систем ќе креираме мерки со кои ќе донесеме повеќе најави министерката, која посочи дека методологијата дава „одлични резултати“. На први јануари 2022 годинаа минималната пензија изнесувала 10.487 денари, а „вчера најниската пензија се исплати во висина од 13.200 денари“.

    Реалност и статистика: Како со плус 6,8% да не се одбројуваат деновите – до наредната пензија!?

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично