ПОВЕЌЕ

    Трансферирани илјадници акции од Комерцијална банка, Алкалоид и Гранит – Колкава е вредноста на подароците?

    Време зa читање: 2 минути

    Интензивни активности во нетрговските трансфери, чиј минатонеделен исход го претставуваат 10.188 обични акции, кои на овој начин ја промениле сопственоста. Повеќето од нив, 7.971 или 78,26 отсто, се издадени од Комерцијална банка, Алкалоид и Гранит. Останатите им припаѓаат на седум друштва кои котираат на Македонска берза.

    Нема ден без акциите на најголемата домашна банка во статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност. Во текот на минатата недела трансферирани се вкупно 3.581 хартија од вредност: понеделник 500, среда 2.705, петок 366 и на двапати по 5 обични акции. Сметано по просечната цена од петокот – 28.804,46 денари, нивната заедничка вредност е над 103 милиони денари или близу 1,7 милиони евра.

    Само во петок ги нема акциите на Алкалоид. Редоследот е 300 на самиот почеток од седмицата, 5 во вторник, 1.240 во среда и 751 обична акција во четврток. Вкупната бројка е 2.296 акции, а вредноста над 63,2 милиони денари, односно повеќе од еден милион евра (последна просечна цена 27.546,57 денари).

    Во два наврати е пренесена сопственоста на 2.094 акции издадени од градежникот Гранит, слично како и една недела претходно. Прво се евидентирани 2.000, а потоа уште 94 обични акции. Цената за акција на оваа компанија (според петочната официјална берзанска листа) е 1.833,73 денари, па оттука и севкупниот износ од 3,84 милиони денари, а во евра – 62,4 илјади.

    Во минатонеделните нетрговски трансфери се забележани акциите од две компании со предзнакот рудници и железарница. На РЖ Техничка контрола АД Скопје, 981 на број, како и 29 обични акции од РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје.

    Како подарок или наследство се дадени 875 акции издадени од ЗК Пелагонија АД Битола, како и 206 обични акции од Стопанска банка АД Скопје.

    Промена на сопственоста е направена и кај 50 акции на Македонијатурист АД Скопје, 45 на БИМ АД Свети Николе и кај 31 обична акција со знакот на Уготур АД Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично