ПОВЕЌЕ

    За време на Трамп, топ 10 милјардери го зголемија своето богатство

    Време зa читање: 4 минути

    Фактот дека Доналд Трамп зазеде почесно место во Белата куќа, имаше влијание не само врз целата нација, туку и врз самите американски милијардери, кои до тоа време вредеа 2,9 милијарди долари.

    Сега, години подоцна, тие вредат скоро милијарда долари повеќе, благодарение на растот од 60% на американската берза. Десетмината драстично го зголемија своето богатство, откако Трамп дојде на власт, сепак, за многумина, кризата со кoроната „одеше рака под рака“.

    Десетте тајкуни кои станаа најбогати откако Трамп го освои претседателскиот мандат,  денес имаат 490 милијарди долари повеќе отколку ноќта на изборите во 2016 година. Патем, ова е сума повредна од збирот на сите руски милијардери.

    Ова се 10. најголеми американски милијардери кои оствариле огромен профит, сметајќи го периодот од изборите за претседател на САД во 2016 година, до 19 октомври годинава.

    Џеф Безос

    Кога Доналд Трамп победи на изборите во 2016 година, основач и извршен директор на „Амазон“, стана вториот најбогат граѓанин на Америка. Во текот на последните четири години, тој доби значително повеќе пари – поточно 121 милијарда долари повеќе, па сега нето-вредноста на Џеф Безос е 189 милијарди долари. Тој е официјално најбогатиот човек на светот. Претседателот на САД неколку пати го нападна „Амазон“, тврдејќи дека уништува пошта, поради неговата онлајн продавница „во полн ек“.

    Илон Маск

    Денес, Тесла вреди скоро 400 милијарди долари – повеќе од кој било друг производител на автомобили во светот. Во моментов Илон Маск има нето вредност од 90 милијарди долари, што е за 79 милијарди долари повеќе отколку во 2016 година.

    Стив Балмер

    Како што беше случај со другите технолошки гиганти, акциите на „Мајкрософт“ растат стабилно за време на мандатот на Трамп. Поточно, тие се зголемија за повеќе од 250%, што доведе до тоа Стив Балмер, поранешниот извршен директор на компанијата (кој сè уште има удели), драстично да го зголеми своето богатство. Балмер има нето вредност од 73 милијарди долари во 2020 година, а во 2016 година имаше дури 44 милијарди долари помалку. Во 2014 година Балмер го купи НБА тимот „Лос Анџелес Клиперс“ за 2 милијарди, а клубот денес вреди 2,6 милијарди долари.

    Марк Цукерберг

    Поминаа четири бурни години за основачот на „Фејсбук“, кој е на удар и од левата и од десната страна. Републиканците ја критикуваа компанијата за перцепирана анти-конзервативна пристрасност, додека либералите го осудија, според нив, „лошото управување со говорот на омраза и измамата на политичките реклами“. Сепак, Цукерберг денес е побогат од кога и да е, тој поседува 96 милијарди долари, а пред четири години имаше 44 милијарди помалку.

    Дан Гилберт

    Новите хипотеки нагло се зголемија во услови на историски ниски каматни стапки и никој не заработува повеќе од основачот на „Quicken Loans“, Дан Гилберт. Патем, Трамп го нарекува „голем пријател“, кој пред неговиот мандат имаше 39 милијарди долари помалку од денес. Тој во моментов поседува 44 милијарди долари. Актуелниот претседател на САД, исто така, рече дека Гилберт беше голема поддршка на Белата куќа во 2017 година.

    Бил Гејтс

    Силните пазари го зголемија вредноста на портфолиото на Гејтс, кое вклучува удели во десетици јавни и приватни компании. Како Балмер, тој останува главен сопственик на акции на „Мајкрософт“ и покрај тоа што во март се повлече од управниот одбор на компанијата, за да се фокусира повеќе на неговите филантропски цели. Гејтс имаше нето вредност од 82 милијарди пред 2016 година, а денес има 117 милијарди долари.

    Алис, Џим и Роб Волтон

    Семејното трио го зголеми своето богатство за вкупно 97 милијарди долари од 2016 година. Тие се наследници на познатиот ланец „Волмарт“, основан од нивниот татко Сем, во 1962 година. За време на мандатот на Трамп, акциите на оваа трговска компанија се зголемија за 105 проценти, додека неговата сестра и двајцата браќа се побогати за 33 (Алис), односно 32 милијарди долари за (Џим и Роб). Алис и Џим сега имаат нето вредност од 67 милијарди долари, додека Роб има милијарда помалку.

    Лери Елисон

    Редок милијардер од Силиконската долина, кој изрази поддршка за Трамп, првиот човек на компанијата „Оракл“, е за 30 милијарди долари побогат отколку што беше во 2016 година, благодарение на растот на акциите на компанијата. Гигантот неодамна доби одобрение од администрацијата на Трамп за складирање на податоците од популарната кинеска апликација „ТикТок“ на својата платформа. Акциите на „Оракл“ пораснаа за 52 проценти од ноќта во 2016 година. Елисон сега има богатство вредно 79 милијарди долари, што значи дека пред четири години, на својата сметка имал помалку од 50 милијарди долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично