Меѓународната продажба од извоз на велосипеди по земји изнесува 8,99 милијарди американски долари во 2019 година.
Согласно анализата на worldstopexports.com, целокупната вредност на извезените велосипеди опадна во просек од -7,1% за сите земји извознички од 2015 година кога светските пратки на велосипеди биле вредни 9,6 милијарди долари. Од година во година, извозот на велосипеди опадна за -3,1% од 2018 до 2019 година.
Гледано по континентите, во 2019 година, добавувачите во азиските земји продале велосипеди со најголема вредност, пресметана во долари и тоа 5,3 милијарди американски долари или 59,3% од вкупната глобална вредност. Нешто повеќе од една третина (38,7%) се должи на европските извозници. Многу помали проценти доаѓа од Северна Америка (1,4%), Африка (0,4%), Латинска Америка (0,1%), освен Мексико, но вклучувајќи ги и Карибите и Океанија (исто така 0,1%) предводени од Австралија.
Ви ги претставуваме ТОП 15-те земји кои во 2019, година извезувале велосипеди со најголема вредност:
Според вредноста, наведените 15 земји испорачале 88,5% од велосипедите што се извезуваат на глобално ниво во 2019 година.
Меѓу врвните извозници, најбрзорастечките извозници на велосипеди од 2015 година се: Камбоџа (пораст за 140,1%), Полска (пораст од 66,9%), Романија (до 60%) и Италија (раст од 40,4%).