ПОВЕЌЕ

    ТОНЕ НЕКОГАШНАТА ЕВРОПСКА ЕКОНОМСКА ЛОКОМОТИВА: Невработеноста во Германија лани достигна шест отсто

    Време зa читање: 2 минути

    Просечната стапка на невработеност во Германија минатата година изнесуваше шест отсто, што е за 0,3 отсто повеќе во однос на 2023 година, објави денеска германската Федерална агенција за вработување (БА).

    Бројот на невработени во Германија се зголемил во просек за 178.000 годишно на вкупно 2,78 милиони, додава агенцијата од Нирнберг.

    Дополнително, зголемен е и бројот на вработени со скратено работно време во Германија, од 241.000 во 2023 година на приближно 320.000 во 2024 година, пренесува Bild.

    Економската стагнација во Германија остава подлабоки траги на пазарот на трудот, коментира директорката на агенцијата Андреа Налес.

    Во декемвриската прогноза Бундесбанк објави дека економскиот раст на Германија годинава повторно ќе биде негативен и ќе изнесува минус 0,2 отсто.

    Според сегашната прогноза, германската економија следната година ќе порасне за скромни 0,2 отсто и благо ќе забрза до 0,8 отсто во 2026 година и 0,9 отсто во 2027 година.

    Германската економија не само што се бори со постојани економски пречки, туку и со структурни проблеми, објави по тој повод претседателот на Бундесбанк, Јоаким Нагел.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично