Едвај една недела откако беше официјално промовиран и пуштен во продажба, новиот iPhone 15 буквално лета од полиците ширум светот. iPhone 15 е вистински жежок хит, но тоа не е само метафора.
Иако веќе има голем број грешки на денот на лансирањето и потенцијални проблеми со производството со најновиот мобилен уред на Apple, можеби најзагрижувачки се извештаите за склоноста на iPhone 15 да се прегрее.
Корисниците споделија дека нивниот уред iPhone 15 се загрева, пишуваат специјализираните магазини за мобилни уреди.
Проблемот се јавува дури и кога телефонот само се полни. И се чини дека проблемот доминантно влијае на поскапите модели: iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max. Проблемот со прегревањето е толку алармантен, што некои рецензенти на iPhone 15 предложија да не го користите новиот iPhone 15 освен ако имате куќиште. Е, толку жежок станува телефонот.
И додека порталот Mashable не регистрираше проблеми со прегревањето за време на рецензирањето на iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max, проблемот со прегревање е толку нашироко глобално пријавуван што Apple најверојатно ќе мора да стори нешто во врска со проблемот.
ПРОБЛЕМОТ Е ВО ПРОЦЕСОРОТ
Проблемот е што на корисниците на iPhone 15 веројатно нема да им се допадне решението.
Според аналитичарот на Apple, Минг-Чи Куо, проблемот со прегревање најверојатно се должи на „компромисите“ што производителот на iPhone ги направил во дизајнот на термичкиот систем на уредот за да биде лесен. Овие компромиси, сугерира Куо, вклучуваат „намалена површина за дисипација на топлина“ и нова титаниумска рамка, која ја намалува термичката ефикасност.
Епа, бидејќи, Apple сигурно нема да го повлече iPhone 15, можно е само едно поинакво решение.
Всушност, компанијата веројатно веќе го земала предвид проблемот со топлината при дизајнирање на хардверот на iPhone 15. Ништо од ова не е изненадување за нив. Значи, како Apple потенцијално ќе го реши проблемот со прегревање? Со ажурирање на софтверот. И што ќе направи тоа ажурирање на софтверот? Ќе треба да го направи моќниот процесор во телефонот, за жал, помалку моќен.
„Се очекува дека Apple ќе го реши ова преку ажурирања на софтверот, но подобрувањата може да бидат ограничени освен ако Apple не ги намали перформансите на процесорот“, рече Куо во својот извештај.
Проблемот со прегревање е поприсутен кај моделите на iPhone 15 Pro бидејќи тие се првите iPhone-и со новиот чипсет A17 Pro. Сега, имајте на ум дека Куо вели дека A17 Pro не е виновникот за проблемот со прегревање на моделите на iPhone 15 Pro, што значи дека нема ништо лошо со процесорот. Работи како што е замислено. Но, Apple можеше да произведе уред со подобар термички дизајн кој може поефикасно да управува со топлината на чипсетот.
Но, Apple не го стори тоа. Така, единствениот начин да се решат проблемите со дизајнот на хардверот е преку ажурирање на софтверот што ќе го пригуши моќниот A17 Pro.
Колку очекуваното ажурирање на софтверот на Apple ќе го забави чипсетот A17 Pro? Тоа останува да се види. Apple најверојатно ќе објави ажурирање што ја прави промената занемарлива за повеќето корисници. Но, некои моќни корисници ќе забележат разлика. Ќе треба само да почекаме и да видиме колку голема ќе биде таа разлика.