ПОВЕЌЕ

    Тисенкруп ќе отпушти 5.000 работници поради пандемијата

    Време зa читање: < 1 минутa

    Тисенкруп (Германската групација) соопшти дека ќе укине дополнителни 5.000 работни места во текот на следните три недели, а претходно најави укинување на 6.000 работни места поради последиците од Ковид-19 врз нејзиниот бизнис во 2019-2020 година.

    За да се соочи со последиците од пандемијата на Ковид-19, Тисенкруп мора да укине вкупно 11.000 работни места, се вели во соопштението на групата.

    Конгломератот, кој веќе неколку години е во криза, почна голема реорганизација во 2019 година, што првично требаше да опфати намалување на 6.000 работни места.

    Тисенкруп регистрира 16 проценти пад на приходите во деловната 2019/2020 година на 35,4 милијарди евра и оперативна загуба од 860 милиони евра.

    Оваа година веќе заминаа речиси 3.600 луѓе. Но, пандемијата е огромен тест и ја влоши ситуацијата во групата, изјави извршната директорка Мартина Мерц.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично