ТИНЕКС, еден од водечките синџири маркети во земјата, со гордост ја најавува трансформацијата на дел од своите маркети во „КОНТО“ маркети – нов концепт кој ќе овозможи едноставно и економично пазарување.
„КОНТО“ маркетите се наменети за практични купувачи, кои сакаат рационално пазарување и продажни места кадешто лесно и брзо може да ги најдат сите потребни намирници по прифатливи цени.
Во „КОНТО“ маркетите ќе може да се најдат внимателно избрани домашни и странски брендови, како и широка понуда на свежи и квалитетни производи, редовни акции и специјални промоциии и практична организација на просторот за полесно и побрзо пазарување. Маркетите се визуелно редизајнирани со јасно и современо брендирање, кое овозможува подобра снаодливост и лесна ориентација низ полиците. Секој артикл е јасно означен, а категориите прегледно истакнати за да им овозможат на потрошувачите побрзо и полесно да го пронајдат она што им е потребно.
Каси за самонаплата ќе бидат достапни во сите „КОНТО“ маркети. Со нив, потрошувачите можат сами да ги скенираат и да ги платат посакуваните производи, без чекање на ред. Овој модерен систем овозможува поголема автономија и минимизирање на времето за чекање. Самонаплатните каси се дизајнирани да бидат интуитивни и лесни за користење за секого, а персоналот е секогаш достапен за помош доколку е потребно. Со оваа иновација, пазарувањето станува удобно, брзо и пријатно искуство, совршено прилагодено на модерниот начин на живот.
Со овој стратешки чекор, ТИНЕКС ја потврдува својата посветеност да понуди разновидност и унапредување на својата понуда. Концептот „КОНТО“ маркети, на купувалите ќе им овозможи да пазаруваат паметно, економично, но без компромис во квалитетот.
Со воведувањето на „КОНТО“, ТИНЕКС уште еднаш ја потврдува својата мисија – да биде прв избор за модерните потрошувачи, создавајќи средина каде што довербата, достапноста и иновативноста се спојуваат во едно уникатно пазарувачко искуство, со цел да се изгради нова култура на пазарување – култура во која цената и квалитетот одат рака под рака, а потрошувачите секогаш се во фокусот.
Локациите на новите Конто маркети се следни:
Конто Драчево ул. ,,Бранко Заревски” бр.7, Скопје
Конто Млечен ул. ,,Багдадска” бр.36, Скопје
Конто Битола ул. ,,Прилепска” бр.5, Битола
Конто Хром ул. ,,Кленоец” бр.69, Скопје
Конто Злокуќани ул. ,,Скупи” бр. 28, Скопје
Комерцијален текст