ПОВЕЌЕ

    Тимот на НЛБ апсолутен шампион на спортските банкарски игри

    Време зa читање: 2 минути

    Со десет освоени трофеи тимот на НЛБ банка е апсолутен шампион на спортските игри на Синдикатот на финансиски организации на Македонија, кои се одржаа во Охрид.

    Натпреварувачите и нивните навивачи шест пати се радуваа за освоените први места, во три наврати за пласман на втората позиција и еднаш за заземеното трето место. Врвот на сето тоа е титулата за севкупен победник.

    Успесите ги постигнаа повеќе од 65 вработени во Банката, кои се натпреваруваа во шах, серва, тенис, фудбал, пинг-понг, баскет, кошарка, одбојка, пикадо жени, пикадо мажи, куглање и стрелаштво.

    „Заминавме со многу позтивна енергија и желба уште еднаш да покажеме како се бранат корпоративните бои на нашата НЛБ банка. И во работата и во спортот, веруваме дека само посветено и тимски се постигнуваат резултати“, велат од банкарскиот тим.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично