Извршниот директор на „TikTok“, Кевин Мајер, ја напушти компанијата само неколку месеци по неговото назначување, поточно на 1 јуни годинава.
„Во последните неколку недели, како се менуваше политичкото опкружување, направив рефлексија и анализирав за тоа што ќе бараат корпоративните структурни промени и што значи тоа за улогата за која се пријавив. Со тешко срце сакам да ве известам дека решив да ја напуштам компанијата “, рече Мејер во писмото до вработените од CNBC.
Портпаролот на TikTok за CNBC дека во целост ја почитуваат одлуката на Кевин и му се заблагодаруваат за неговото време во компанијата.
Генералниот раководител на „ТIkTок“ Ванеса Папас ќе биде привремен глобален шеф на компанијата.
Во моментов Владата на САД се соочува со тужби од „TikTok“ и корисниците на WeChat. „TikTok“ ја тужеше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради извршната наредба која ѝ забранува трансакции со матичната компанија.
За потсетување Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе потпише указ со кој ќе се забрани користењето на кинеската платформа на социјалниот медиум „TikTok“.
Многу американски експерти сметаат дека споменатата платформа „претставува закана за националната безбедност на САД“.