ПОВЕЌЕ

    „Тетекс“: Професорот Петковски се повлече од Одборот на директори

    Време зa читање: < 1 минутa

    Михаил Петковски поднел оставка и повеќе не е дел од Одборот на директори на тетовски „Тетекс“.

    За промената компанијата извести преку Македонска берза.

    „Досегашниот  неизвршен  независен член на Одборот на директори на Тетекс АД Тетово проф. Михаил Петковски поднесе оставка заверена под УЗП 4078/2024 год. пред надлежен нотар, од позицијата независен неизвршен член на Одборот на директори на Тетекс АД Тетово, сметано од 26.09.2024 година“, пишува во ценовно чувствителната информација.

    Инаку, во составот на Одборот на директори се претседателот Борислав Трповски, генералниот директор Бобан Гоговски, Стеван Томовски, Евгенија Трпкоска и Душко Мишески.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично