ПОВЕЌЕ

    Тесла со рекордна добивка во првиот квартал од 438 милиони долари 

    Време зa читање: 2 минути

    Производителот на автомобили Тесла, оствари рекордна нето добивка од 438 милиони долари во првиот квартал од 2021 година или 93 центи по акција, надминувајќи ги очекувањата на трговците на Њујоркшката берза. 

    Сепак, акциите на компанијата паднаа дури 3,0 проценти во синоќешното тргување, откако инвеститорите ги анализираа финансиските индикатори кои сугерираат дека профитот се базира на продажба на биткоин и државни заеми за да придонесе за нула загадување на животната средина, а производителите кои имаат вишок кредит можат да ги продадат на други компании.

    Вкупните приходи на Тесла во првите три месеци од оваа година достигнаа 10,39 милијарди долари во споредба со очекуваните 10,29 милијарди долари, што е за 74 проценти повеќе отколку во истиот период во 2020 година.

    Компанијата забележа 518 милиони американски долари приходи од продажба во текот на првиот квартал, а исто така регистрираа позитивни ефекти од продажбата на биткоин во вредност од 101 милион долари.

    Според деловниот извештај компанијата, од јануари до крајот на март испорачала 184.800 автомобили „Model 3“ и „Model Y“, што ги надмина прогнозите на пазарот и постави нов рекорд.

    Сепак, во извештајот се наведува и дека во првиот квартал Тесла не произведе ниту еден луксузен седан Model S или SUV Model X. Од залиха испорачала на клиенти 2.020 постари седани Model S и SUV Model X.

    Компанијата рече дека сега има намера да произведе 2.000 возила S и X. Исто така, се очекува да се зголемат испораките на возила во 2021 година за повеќе од 50 проценти во однос на претходната година, што значи минимална продажба од околу 750.000 возила оваа година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично