ПОВЕЌЕ

    Тесла повлекува 80.561 автомобил во Кина

    Време зa читање: < 1 минутa

    Поради проблеми со софтверот и безбедносните појаси американскиот производител на електрични возила Тесла повлекува 80.561 автомобил во Кина, соопшти во петокот Државната управа за пазарна регулација на земјата. Регулаторот забележа дека 67.698 увезени возила Model S и Model X произведени помеѓу 2013 и 2020 година се отповикуваат поради проблем што влијае на системот за управување со батериите на автомобилите, додека 2.736 увезени возила Model 3 произведени во 2019 година и 10.127 автомобили Модел 3 произведени во Кина, почнуваат да се повлекуваат поради потенцијално неисправни безбедносни појаси.

    Компанијата ќе ги решава проблемите во погодените автомобили бесплатно.

    Претходно во текот на денот, Австралија објави дека производителот на електрични автомобили повлече 15.914 возила Model 3 и Model Y продадени во земјата во 2022 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично