ПОВЕЌЕ

    „Tesla“ соборува рекорди – прокнижи профит од над 1 милијарда долари

    Време зa читање: 2 минути

    Производителот на електрични автомобили „Tesla“ објави 1,14 милијарди долари профит за вториот квартал. Резултатот ги надмина очекувањата на аналитичарите, бидејќи компанијата за прв пат објави профит од над 1 милијарда долари.

    Добивката за кварталот се зголеми за речиси 1.000% во споредба со претходната година, кога изнесуваше 104 милиони долари.

    Оперативниот профит изнесува 1,3 милијарди долари, наспроти 327 милиони долари во истиот период од претходната година.

    Ова е осми последователен квартал во кој „Tesla“ пријавува профит. Компанијата скоро ги дуплираше своите приходи откако пријави приход од 11,96 милијарди долари, во споредба со 6,04 милијарди долари за вториот квартал од 2020-та година.

    Очекувањата на аналитичарите беа за профит од 600 милиони долари и приход од 11,4 милијарди долари.

    Продажбата на автомобили изнесуваше 10,2 милијарди долари. Приходите од продажба на емисии на јаглерод изнесуваа само 354 милиони долари, наспроти 518 милиони долари од пред една година.

    Сепак, приходите на „Tesla“ од продажба на јаглеродни кредити на други компании почнаа да опаѓаат, достигнувајќи 354 милиони долари во вториот квартал од 518 милиони долари во претходниот квартал.

    Маргината од продажбата на автомобили достигна историски 28,4 проценти, пишува „Tech Crunch“.

    Претходно овој месец, „Tesla“ објави дека произвела 206.421 автомобили во вториот квартал. Компанијата испорача 201.250 од нив, што е за 9% повеќе отколку во првите три месеци од 2021-ва година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично