ПОВЕЌЕ

    Дојче Телеком e највредниот телекомуникациски бренд во Европа

    Време зa читање: 2 минути

    Дојче Телеком повторно е прогласен за највреден телекомуникациски бренд во Европа. Според последниот извештај на „Brand Finance Global 500“, Групацијата Дојче Телеком забележа најголема вредност на брендот во својата историја и моментално вреди 51,1 милијарди американски долари, што е раст од дури 27,9 проценти во споредба со претходната година.

    Британската консултантска куќа Brand Finance, која проценува и објавува кои брендови се највредни во светот секоја година, го објаснува растот на вредноста на брендот на Дојче Телеком со одржливи инвестиции во квалитетот на мрежата, иновативноста и корисничкото искуство, позитивните деловни резултати на групацијата ДТ во Европа и САД со успешно вртење на Спринт во САД и вклучување во брендот.

    Според извештајот на „Brand Finance Global 500“, Дојче Телеком ја зазеде втората позиција на листата на највредни германски брендови, позиционирајќи се веднаш по Мерцедес-Бенз, и пред Фолксваген и БМВ. На листата на глобални брендови за телекомуникации, Дојче Телеком го зазеде третото место, зад американските компании Verizon и AT&T, и пред China Mobile.

    Епл беше прогласен за највреден бренд во светот, победувајќи ги Амазон и Гугл на таа трка. Дојче Телеком е на 23-то место на вкупната листа од околу 5.000 глобални брендови што ги проценува Бренд Финансис.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично