„Агроплод“ АД Ресен изјави дека „Свисслион“ ја прифатиле понудата за преземање на „Агроплод“ преку 13 сопственици на обични акции со право на глас кои имаат 7.956 обични акции, што е 30,05% од од вкупниот број акции издадени.
Во соопштението пишува „во понудата за преземање не беше определен услов за најмала количина обични акции со право на глас која треба да биде прифатена за понудата за преземање да се смета за успешна. Врз основа на горенаведеното, понудата за преземање е успешна.“