ПОВЕЌЕ

    Swiss Re го продаде уделот од Phoenix групацијата за 437 милиони фунти

    Време зa читање: 2 минути

    Swiss Re објави дека го намалил својот дел од Phoenix Group Holdings plc, продавајќи околу 6,6% од својот удел за 437 милиони британски фунти. Уделот во Phoenix Swiss Re го превзема минатата година од продажбата на својата подружница ReAssure.

    Според реосигурителот, продажбата беше забрзано извршена, во согласност со редовниот преглед и ребаланс на инвестициското портфолио на Swiss Re, и истиот е во согласност и со целокупната стратегија за инвестирање и алтернативни вложувања во Групацијата.

    Во врска со продажбата, Swiss Re изјави дека Phoenix му дал согласност на Swiss Re да ја изврши оваа трансакција пред истекот на 23 јули 2021 година, до кога треба да се склучи договор меѓу страните.

    Swiss Re проценува дека трансакцијата ќе резултира со мало едноцифрено зголемување на нејзината солвентност. Тој не очекува дека влијанието на трансакцијата ќе биде значајно за заработката на Swiss Rе.

    Swiss Re се согласи на договор за заклучување на преостанатите 6,6% од акциите на Phoenix и тоа 90 дена по затворањето, со откажување, како што е вообичаено за таквата трговија. 

    Продажбата се очекува да се затвори на 25 јуни 2021 година.

    Phoenix групацијата работи во БиХ, преку подружницата ФЕНИКС Фарма ДОО Босна и Херцеговина. Феникс Фарма ДОО е водечки веледрогерија за фармацевтски и медицински производи на пазарот во Босна и Херцеговина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично