Австриската компанија за луксузен накит „Сваровски“ денеска најави големо намалување на бројот на вработени ширум светот.
Во седиштето во австриското место Ватенс, бројот на вработени ќе се намали за 200, а во светот за 600.
Исто така е одлучено да се работи со скратено работно време до крајот на септември, а тоа се однесува на сите вработени.
Како причина за овој чекор, „Сваровски“ ја наведува пандемијата на коронавирусот, која тешко го погоди меѓународниот пазар на луксузни производи.
Како што е наведено во соопштението, во првата половина од оваа година има значително намалување на продажбата.
Минатата година, „Сваровски“ оствари профит од 2,7 милијарди евра.
Погледнете какви профити книжат финансиските друштва за брзи кредити во земјава.