ПОВЕЌЕ

    Свод мастер со нова емисија акции од два милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Свод мастер ќе ја издаде втората емисија хартии од вредност во износ од речиси два милиони евра. На овој начин ќе се зголеми основната главнина. Компанијата која се занимава со дистрибуција на филмска, видео и телевизиска програма, позната по стриминг платформата Глеј, доби дозвола од Комисијата за хартии од вредност.

    „Станува збор за иницијална јавна понуда на 200.000 обични акции со поединечна номинална вредност од 100 денари по акција, со продажна цена од 600 денари по акција и со вкупна продажна вредност на емисијата од 120.000.000 денари. Запишувањето ќе се врши преку Македонска берза, согласно моделот на одредување на минимална продажна цена со давање приоритет на налози со повисока цена и порано време на внес на налог во БЕСТ системот. Јавната понуда ќе се смета за успешна доколку во предвидениот рок од 60 дена се запишани и уплатени минимум 60% од понудените обични акции“, образложуваат од КХВ.

    Свод Мастер ја направи првата иницијална јавна понуда на акции (IPO) на домашната Берза. Наместо да користи банкарски кредити, компанијата се реши да излезе на Македонска берза и на тој начин да обезбеди капитал за инвестиции во проекти со оригинална продукција.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично