ПОВЕЌЕ

    Светската продажба на електрични возила порасна за 43 проценти

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во 2020 година, продажбата на електрични возила на меѓународно ниво се зголеми за 43 проценти, и најдалеку во набавката на електрични автомобили беше Норвешка, каде учеството на овие возила во продажбата на нови автомобили во 2020 година беше 54,3 проценти.

    Податоците покажуваат дека 4,2 проценти од новите светски возила биле електрични.

    Навистина, граѓаните на богатите скандинавски земји имаат најголем напредок во купувањето, но предвидувањата се дека наскоро електричните возила ќе станат достапни на граѓаните од другите земји без вообичаените даночни олеснувања и субвенции воведени од владите низ целиот свет.

    Норвешка разви национална стратегија за целосно искоренување на продажбата на бензински и дизел автомобили како нови возила во земјата најдоцна до 2025 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично