ПОВЕЌЕ

    Светската економија го достигна најбрзиот раст во последните 80 години

    Време зa читање: 2 минути

    Светската банка очекува глобален економски раст од 5,6 проценти во 2021 година, што е најбрзиот раст по рецесијата во последните 80 години.

    Сепак, многу пазари во развој и економии во развој ќе продолжат да се борат со пандемијата со Ковид и нејзините последици, рече Светска банка во новиот извештај за глобалните економски изгледи.

    Овој меѓународен кредитор проценува дека бруто домашниот производ (БДП) на светот ќе порасне со стапка од 4,3 проценти во 2022 година, по што ќе се намали на 3,1 процент следната година.

    И покрај закрепнувањето, глобалното производство до крајот на оваа година ќе биде за околу два проценти под нивото од пред-пандемијата, се вели во извештајот.

    Светска банка проценува дека загубите на приходите по глава на жител нема да се намалат до 2022 година за околу две третини од пазарите и земјите во развој.

    Раст на САД и експанзија на Кина

    Кога станува збор за водечките светски економии, Светска банка предвидува дека растот на САД ќе достигне 6,8 проценти оваа година, како резултат на огромната фискална поддршка и олеснување на мерките за ограничување на пандемијата.

    Растот и во другите развиени економии исто така ќе зајакне, но во помала мера.

    Меѓу пазарите  и економиите во развој, се очекува Кина да забележи економска експанзија од 8,5 проценти оваа година, како резултат на „ослободување“ на побарувачката што беше попречена од мерките за ограничување за време на пандемијата. Според новите предвидувања, еврозоната годинава очекува раст од 4,2 проценти, а следната година 4,4 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично