ПОВЕЌЕ

    Светот пред малите екрани: Рекорден раст на Нетфликс и видеоигрите

    Време зa читање: 2 минути

    Американската платформа „Нетфликс“, една од најпопуларните светски услуги за стриминг, забележа рекорден раст и пораст на претплатниците во првиот квартал од оваа година.

    Според американските медиуми, „Нетфликс“ ги објави своите податоци за заработка во првиот квартал од оваа година веднаш по затворањето на берзата.

    Приходот на компанијата за првите три месеци од 2020 година е 5,77 милијарди американски долари, што претставува раст од 1,25 милијарди од првиот квартал во 2019 година и 300 милиони повеќе од четвртиот квартал од минатата година.

    Вкупниот број на претплатници во светот е 182 милиона.

    Најгледани во првиот квартал од годинава се: документарната серија „Tiger King: Murder, Mayhem and Madness“, реалното шоу- „Love Is Blind” и филмот „Spenser Confidential”.

    Растот на „Нетфликс“ е очигледен и во двете споредби, што се совпаѓа со предвидувањата, но особено со глобалната криза поради пандемијата со коронавирусот и мерките за изолација на граѓаните во многу земји.

    „Нетфликс“ исто така, објави зголемување на претплатите на 15,7 милиони профили, што претставува најголем квартален раст во историјата на компанијата.

    Во САД е зголемена и продажбата на видео игри, бидејќи Американците се принудени, како и остатокот во светот, да седат дома, а повеќето од нив и дефинитивно го поминуваат времето пред малите екрани.

    Продажбата на видео игри и конзоли е зголемена на 35 отсто и достигна вредност од 1,6 милијарди долари. Ваков раст не е забележан во последните 10 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично