ПОВЕЌЕ

    „Свесни сме“ – порачаа жените од „Адора“ во розовиот октомври

    Време зa читање: 2 минути

    „Свесни сме“ е мотото на Adora Business Group, со кое организирано се вклучи во борбата против канцерот на дојка. Во месецот посветен на подигнување на свеста кај жените, вработените од компанијата даваат свој придонес за значењето на превенцијата и раното откривање на подмолната болест. Со акцијата „Во спомен на Биби“, нивна колешка која на 32-годишна возраст ја загубила битката со ракот, „Адора“ во розовиот октомври обезбеди преглед на дојка за сите свои вработени жени.

    „Со апел посебно до младите, но и до жените од сите генерации, редовно да се прегледуваат, зошто болеста не бира возраст, сакавме да дадеме придонес во грижата за женското здравје, меѓусебно да се поддржиме и заедно да му се спротивставиме на канцерот на дојка“, порача Драгана Чифлиганец, извршна директорка на „Адора“, споменувајќи ја колешката Биби Веселинова, која починала пред пет години, брзо по породувањето.

    Женскиот дел на „Адора“ целосно се вклучи во акцијата „Во спомен на Биби“, повикувајќи ги сите жени, но и надлежните институции, поактивно да се ангажираат во превенција и рана детекција на ракот на дојка, како најчесто малигно заболување и водечка причина за смртноста кај жените во светот и во Македонија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично