Многу луѓе ги користат зборовите “финансии” и “сметководството” најизменично. Ги сметаат во ист домен, со премногу сличности и понекогаш се мисли дека овие два термина имаат речиси исто значење. Но во суштина тие се различни во однос на работата, обемот на природата, како и областа во кои наоѓаат примена.
Тоа што треба да разберете е дека финансирањето е во основа наука за планирање, и како распределбата на средствата во една компанијата, за најоптимално да можат да бидат искористени со цел компанијата да има светла иднина. Сметководството од друга страна, во основа е она што се нарекува уметност за сумирање на финансиите преку финансиски извешта и евиденции за сите трансакции на една компанија. Сметководството се нарекува и јазикот на бизнисот, бидејки преку самите бројки, компаниите ја комуницираат нивната состојба. Без предрасуди, секогаш објективно и реално.