Ретко издание за стрипови, во кое Супемен првпат се појави, се продаде за рекордни 3,25 милиони долари.
Така, изданието на првата серија на магазинот Action Comics, со цена од 10 центи кога се појави во 1938 година, стана највредниот стрип во историјата.
Стрипот ја следи приказната за потеклото на Супермен и се смета за почеток на суперхерој жанрот.
Се верува дека има само околу 100 копии од вакви стрипови во светот.
Како што објавија од интернет-аукциската куќа ComicConnect.com, оваа копија била скриена во колекцијата филмски списанија од 30-тите години на минатиот век.
Продавачот, кој го поседуваше стрипот само три години, заработи милион долари на него, а анонимниот купувач е „релативно нов во истражувањето на стрипот“, се вели во соопштението.