ПОВЕЌЕ

    ШУМСКИОТ ПОЖАР НА ГРЧКИ ПЕЛОПОНЕЗ ВОН КОНТРОЛА, гори долж 32 километри, две лица настрадале од огнената стихија

    Време зa читање: 1 минутa

    Пожарникарите, волонтерите и жителите во крајбрежниот град Ксилокастро и околните населени места на префектурата Коринт, на Пелопонез, се соочија со уште една тешка ноќ бидејќи пожарот што избувна во неделата наутро сè уште гори неконтролирано, поттикнат од силните ветрови. Две лица ги загубија своите животи во пожарот, десетици хектари земјиште гореа и многу куќи се пеплосани, според извештаите од терен. Двајца пожарникари исто така се повредени.

    Според портпаролот на противпожарната служба Василис Ватракоганис, пожарот избувнал во 10 часот во неделата, но силните ветрови, кои достигнале јачина 8, предизвикале тој да излезе од контрола.

    „Ова е еден од најтешките пожари со кои се соочивме оваа сезона, предниот дел се протега на 32 километри, иако не е континуиран“, изјавија од асоцијацијата на грчките пожарникари.

    Властите наредија евакуација на половина дузина села, додека две лица ги загубија животите поради пожарот.

    Противпожарната служба на лице место распоредила 350 пожарникари со 110 возила и 18 авиони (седум авиони и единаесет хеликоптери).

    (Фото: Ројтерс виа Катимерини)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично