Бугарските компании кои се сопственици на фирми во Македонија, најмногу пари вртат во бизнисот со струја. Ова е заклучокот до кој дојде порталот Пари, а врз основа на податоците од платформата на БизнисМрежа.мк за 10-те најголеми компании по приход кои што имаат најмалку 1 процент бугарски капитал и најмалку еден сопственик кој е од Бугарија.
Ова е очекуван податок ако се земе предвид дека Македонија е традиционален увозник на струја од Бугарија. Така, во првите 10 компании со бугарски сопственици, 4 се од енергетскта дејност. Најголемата по приход е „ЕВН трејдинг“ чиј сопственик е бугарската фирма – „ЕВН трејдинг саут ијст јурап ЕАД“, дел од австриската „ЕВН“. Потоа, тука се и македонската „Терна енерџи трејдинг“ која е во сопственост на бугарската компанија „Џи пи енерџи ЕООД“, „Енерџи унид“ ДОО од Струмица чиј сопственик е Момчил Златков Драков, како и подружницата во Македонија на бугарската „Соларпро холдиг“. Овие 4 компании, минатата година зааедно имале вкупен приход околу 92,5 милиони евра, притоа три компании биле во добивка, а „Терна енерџи трејдинг“ била во загуба. Добивката на „ЕВН трејдинг“ и на „Енерџи унид“ е сосема мала во однос на вкупниот приход, додека за македонската подружница на „Соларпро“ од Бугарија може да се каже дека остварила солидна добивка. Бугарската „Соларпро“ летово се спомена во јавноста и кога беше облелоденето дека таа ќе стане партнер на државата во јавно-приватно партнерство за фотоволтаичната електрана од 50 мегавати во Осломеј.
Бугарски компании во македонскиот енергетски сектор
Компанија Сопственик Приход 2020 Добивка 2020 Вработени
ЕВН ТРЕЈДИНГ ДООЕЛ Скопје ЕВН ТРЕЈДИНГ САУТ ИЈСТ ЈУРАП ЕАД Софија 52.600.000 2.100 2
ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица МОМЧИЛ ЗЛАТКОВ ДРАКОВ 21.400.000 26.800 2
ТЕРНА ЕНЕРЏИ ТРЕЈДИНГ ДООЕЛ Скопје ЏИ ПИ ЕНЕРЏИ ЕООД 12.300.000 / 1
СОЛАРПРО ХОЛДИНГ АД РБ - подружница РСМ СОЛАРПРО ХОЛДИНГ АД 6.160.000 799.000 27
Износите се изразени во евра | Извор: БизнисМрежа.мк
Редакција Пари