ПОВЕЌЕ

    ДЕНЕСКА ВО 10 ЧАСОТ СТАРТУВА НОВАТА СЕЗОНА НА ПОТКАСТОТ „Каде се парите?“ со Горан Теменугов

    Време зa читање: < 1 минутa

    Денеска во 10:00 часот, започнува втората сезона на поткастот  „Каде се парите?“ на www.pari.com.mk каде домаќин е Горан Теменугов.

    Со денешнава епизода продолжуваме со поткастот кој за разлика од првите шест емисии кои се емитуваа на две недели, сега ќе има премиера еднаш неделно (секој четврток во 10:00). Продолжуваме со концептот да се разговара за важни економски, политички, еколошки теми, но воведуваме и теми за тоа како се успева во бизнисот, кои се реалните проблеми на фирмите и други слични теми.

    Денеска ќе разговараме за тоа дали се победи високата инфлација? Дали каматите на кредитите би се намалиле во скоро време. Колку тие се зголемија? Ќе разговараме за цената на квадрат станбена површина, за профитабилноста на банките итн…

    Гостинка во денешниот поткаст е Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично