Во ноември 2019 година успешно беше завршен процесот на превземање на Охридска банка, со што Банката стана дел од реномираната Штајермеркише Банк и Шпаркасен, АД Грац, Аустрија и пошироко Ерсте групација. Предложениот Развоен план и деловна политика со финансиски план за периодот 2021 – 2025 е за Охридска банка ад Скопје согласно барањата на локалната регулатива, додека интегрираните планови и политики ке бидат предмет на одобрување во посебна процедура и материјал.
Штермеркише Банк и Шпаркасе, АД Грац, Австрија беше првата австриска финансиска институција која со превземањето на тогашната Инвестбанка Скопје влезе на Македонскиот банкарски пазар во 2008 година, брендот „Шпаркасе“ беше воведен во октомври 2010 година, се обезбедија потребните ресурси за управување и групациско know-how и банката се изгради во сигурен и доверлив партнер за своите клиенти и економијата.
Согласно стратегијата на групацијата предвидено е интегрирање на двата субјекта при што целта е да се зајакне присуството на локалниот пазар, имајки предвид дека Охридска банка претходно беше дел од силна мегународна финансиска групација со 4 слична деловна стратегија, стандарди за професионализам и стабилен банкарски модел, високо ориентирана кон клиентот и препознатливост на пазарот и високо ниво на задоволство на клиентите, кои параметри се вклопуваат со стратегијата на Групацијата Штермеркише Банк и Шпаркасе.
Големината на финансиските институции станува есенцијален фактор за успех, особено во услови на сегашните трендови на дигитализација и автоматизација на финансиски услуги. Флексибилноста и способноста за приспособување претставуваат нови карактеристики кои финансиските институции треба да ги поседуваат со цел да бидат способни да се соочат со предизвиците што ги носи дигиталната ера, преку различни форми на партнерства, спојувања и аквизиции.
Интегрираниот ентитет се очекува да има зголемен капацитет за кредитирање и да може да сервисира поголем дел од потребите за кредитирање на водечките компании и со својата стручност и пристап да биде локална подршка за нивниот бизнис и природен партнер на меѓународните и компаниите од ЕУ.
За клиентите физички лица, како и малите и средни претпријатија ќе продолжат да се развиваат модерни и дигитални банкарски производи, како и целосен фокус на квалитетот на услугата за клиентите. За постојните клиенти на Охридска банка ке се овозможат дополнителни бенефити поврзани со географскиот регион каде е присутна Групацијата Штермеркише Банк и Шпаркасе, на пример повлекувања на готовина од банкомати на Групацијата без провизии и сл.
Најголемите придобивки се очекува да бидат резултат на економијата од обем и додадената вредност. Имено, ефектите на синергија се проценуваат како деловни и финансиски, со тоа што деловната синергија е резултат на потенцијалот за намалување на трошоците – директна последица на економија од обем.
Стратешки цели за наредниот период:
– Зголемување на комерцијалните активности (превземање на нови клиенти и задржување на постојните, кредитен и депозитен раст).
– Зголемување на продажбата преку надградување на постојните и воведување на нови продажни канали.
– Позиционирање како референтна банка за сите сегменти на клиенти
– Зголемување на квалитетот како клучна стратешка цел
– Иновација, симплификација, дигитализација, автоматизација.
– Навремено и успешно усогласување со локалната банкарска регулатива
– групациските правила и најдобрите банкарски практики.
– Рационализација, зголемена ефикасност, контрола на трошоци и заштеда.