ПОВЕЌЕ

    Страшо Милковски и менаџерите на „Гранит“ ќе поделат 500.000 евра награда

    Време зa читање: < 1 минутa

    Градежната компанија „Гранит“ нето добивката за 2019 година , во износ од околу 3,1 милион евра (191.319.192 денари ) ќе ја распредели за реинвестирање и награда на менаџерскиот тим.

    За награда за менаџерскиот тим и раководен кадар, е наменет бруто износ од 500 илјади евра (30.000.000 денари), додека за добивка за реинвестирање износ од 2,6 милиони евра (161.319.192 денари).

    „Гранит“ ќе подели и дивиденда за акционерите во бруто износ од 0,5 евра ( 33,33 денари) по акција.

    Дивидендата, како што соопшти компанијата преку Македонска берза ќе се исплати од акумулираните нераспределени добивки од минати години до 31.12.2008 година, во бруто износ од 1,5 милиони евра (92.330.900 денари).

    Исплатата на дивиденда ќе се изврши на 28.09.2020 година.

    За овие одлуки треба да се произнесат и акционерите на собрание закажано за 11.05.2020 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично