ПОВЕЌЕ

    Стопанството полека го прележува Ковидот- во јануари пораст на трговијата за 15%

    Време зa читање: 2 минути

    Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2021 година, изнесува 32 481 805 илјади денари или 527 313 илјади евра и  бележи пораст од 15.5 % во односна истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во јануари 2021 година, изнесува 38 360 883 илјади денари( 622 770 евра), што е за 5.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

    Трговскиот дефицит во јануари 2021 година изнесува 5 879 078 илјади денари(95 457 илјади евра). Покриеноста на увозот со извоз во јануари 2021 година изнесува 84.7 %.

    Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

    Во јануари 2021 година, според вкупниот обем на надворешно трговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично